Кадиров тестираше воено баги од чеченско производство

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров го тестираше военото баги „Чаборз М-3“ произведено во фабриката „Чеченавто“.

 „Ова е неопходно возило за луѓето кои извршуваат борбени задачи. Јас како човек кој ја разбира сложеноста на спроведување специјални операции на планински терен ќе кажам дека, доколку имавме такви возила порано, многу поефикасно ќе ги извршувавме борбените задачи и ќе ги спроведувавме специјалните операции без загуби“, изјави Кадиров, пренесува RT.

Тој истакна дека првата партија теренски возила ќе биде откупена за меѓународниот тренинг центар што се гради во Гудермескиот реон на републиката.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња