Ова за медиумите го соопшти извор од воената индустрија. Тој објасни дека на почетокот на 2000-те Русија како компензација за „гасните долгови“ од Украина добила околу 30 такви ракети.
По распадот на СССР тие се чувани без полнење во магацините. Односно, како што соопшти соговорникот, овие интерконтинентални балистички ракети се „практично нови, способни да поминат неколку децении на борбено дежурство”.
Подоцна, кога во состав на вооружувањето ќе биде примена тешката ракета РС-28 „Сармат”, хиперсоничните блокови ќе бидат поставени и на неа.
Силата на нуклеарното боево полнење на „Авангард” е, според зборовите на изворот, еднаква на сила поголема од два мегатона ТНТ. Тоа е доволно за уништување на „посебно важни цели”.
За споредба, силата на современите стратешки нуклеарни носачи на Русија, САД, Велика Британија и Кина не надминува еден мегатон.
За хиперсоничниот систем „Авангард” прв зборуваше претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание.
Специфичноста на овој систем е во тоа што може да лета во густите слоеви на атмосферата (на границата со стратосферата) на интерконтинентални далечини со брзина поголема од 20 маха.
Ракетата УР-100Н УТТХ влезе во состав на вооружувањето 1980 година. Нејзиното сериско производство траеше до 1985 година. На борбено дежурство се наоѓаа вкупно 360 ракети. Силосниот ракетен систем содржеше 10 интерконтинентални балистички ракети 15А35, како и унифициран команден пункт со висок степен на заштита. Стартната маса на ракетата е 105,6 тони, а максималниот дострел 10000 километри.
Врз база на оваа интерконтинентална балистичка ракета се проектирани ракетите-носачи „Рокот”. Со нивна помош во орбитата може да се лансира товар со маса до 1950 килограми.