Сите предности на автоматската пушка „Калашников“ АК-15 покажани на видеоснимка

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Како функционира најновата автоматска пушка „Калашников“ АК-15 рускиот производител на оружје прецизно покажа на видеоснимката поставена на сајтот „Калашников Media“.

Снимката содржи прецизен визуелен преглед на клучните карактеристики и компоненти на новата јуришна пушка. 700 истрели во минута, рамка од 30 куршуми тешка 243 грама, можност за користење на која било рамка, како и монтажа на различни оптички инструменти, унапредена ергономија, склоплив прилагодлив кундак, четири режими на користење: закочен, полуавтоматски, во рафали по два куршума и автоматски.. се само некои од одликите на главното стрелечко оружје на руската војска.

Автоматските пушки АК-12 и АК-15 се примени во вооружувањето на руската војска по долги и опсежни тестирања на почетокот на оваа година. Тие ќе бидат составен дел од борбената опрема „Ратник“ од втора генерација. Пушките АК-12 и АК-15 прво ќе ги добијат руските воздушно-десантни сили, морнарицата и пешадијата.

Погледнете го тестирањето на АК-12