Руските „Медведи“ стапија на воена служба

Виталиј В. Кузмин
На почетокот на есенва во Подмосковјето се одржа меѓународниот воен форум „Армија-2016“ - една од најголемите изложби на оружје во светот. Освен со веќе традиционалните тенкови и борбени авиони, руската делегација ги изненади гостите со нов вид оружје - оклопни транспортери од последната генерација „Медвед“ (мечка - заб. прев.).

Изложена на штандот на производителот („Воено-индустриска компанија“) машината неслучајно добила вакво име. Со пропорциите таа оддалеку го привлекува вниманието на посетителите. Должината ѝ е речиси 6 метри, ширината - два и пол. Силуетата на БТР е лесно да се препознае: висината на корпусот речиси три пати го надминува она  на просечно патничко возило. Масата му е слична на онаа на лесен тенк и изнесува 12 тони. На „Медвед“ можат да се качат до 8 лица во целосна борбена опрема, без да се земе предвид возачот. Тие ќе бидат заштитени од посебен цврст оклоп.

Акцент на оклопот

Токму на оклопот конструкторите на „Медвед“ обрнале особено внимание. Во него е отелотворено едно современо решение: помеѓу двата слоја метал е оставен мал волумен за воздух, благодарение на што е намалена силата од ударот на противоклопните куршуми. Покрај тоа создадена е можност за засилување на оклопот во перспектива. Како резултат на тоа, во моментов „Медвед“ претставува еден од најзаштитените типови оклопни транспортери од куршуми: при тестирањата издржаа дури прозорците и шарките на вратите.

Виталиј В.КузминВиталиј В.Кузмин

Оружјето на „Медвед“ го прави практично универзален оклопен транспортер. Попрецизно кажано тој нема никакво стационарно вооружување. Во зависност од ситуацијата, на подвижната платформа на БТР можат да бидат монтирани различни видови оружје, од митралези со најразличен калибар до противтенковски водени проектили. Она што се добива на крајот, не е ниту чисто армиска ниту чисто полициска техника, туку машина која може да биде употребена во практично сите услови.

Лекции од чеченските војна

Потребата од создавање на оклопни транспортери од новата генерација станува очигледна по заклучоците од борбите во жешките точки, особено на Северен Кавказ. Старите БТР лесно стануваа нефункционални од мини и имаа премногу слабо вооружување. Како резултат на тоа нивните функции за време на борба се презеде од тенковите, а тоа е нецелесообразно и ризично. Неуспешниот обид од употребата на тенкови при освојувањето на Грозни во 1994 година, меѓу другото, ја покажа потребата од развој на нов БТР.

При создавањето на „Медвед“ се обрнало особено внимание на потребата од противоминска заштита. Специјалната форма на дното, високиот клиренс и дополнителниот оклоп овозможуваат машината да издржи експлозијата дури и од моќна мина. Во текот на тестирањата на полигонот на Министерството за одбрана под тркалата на машината беше поставена муниција со моќност од 7 кг ТНТ. Конструкцијата на БТР издржа и обезбедува преживување на екипажот кој би можел да се наоѓа внатре.

Виталиј В.КузминВиталиј В.Кузмин

Но, тоа не е сè. „Медвед“ е опремен со специјални прибори кои можат да ги онеспособат радиоконтролираните експлозивни направи, а исто така има и систем за правење на димна завеса. Благодарение на тоа, тој се претвора во еден вид модул кој обезбедува заштита на сите возила во близина на него.

Перспективи на машината

Не е тешко да се забележи дека оклопот на „Медвед“, при сите негови позитивни страни, се уште не е доволно цврст за да се учествува во целосни борбени дејства. Заштитата од муниција и противоклопните куршуми не гарантира заштита при директно погодување со ракетен фрлач. За отстранување на овој проблем е потребен дополнителен оклоп. Токму над тоа во моментов работи колективот на Арзамаската фабрика за машини кој е непосредниот производител на БТР.

Но, она што потенцијално може да биде пречка за употребата на „Медвед“ на бојното поле не пречи на неговата употреба во други сфери. За новата машина особен интерес пројавуваат од Министерството за внатрешни работи и од неодамна создадената Национална гарда (Росгвардија). Во текот на антитерористичките операции токму овие карактеристики кои ги поседува „Медвед“можат да се покажат корисни. Покрај тоа веќе се откриваат ниши за извоз. За време на изложбата „Армија-2016" интерес за руските БТР пројавија делегациите на одбранбените институции од неколку земји, вклучувајќи ги и Аргентина и Нигер.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња