Кои предлози за имиња на руското супероружје водат на листата најпопуларни?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Гласањето за избор на називи за најновото руско стратешко вооружување заврши. До неодамна најпопуларните Император, Карась (Карас), и Офтальмолог (Офталмолог) им отстапија место на називите Палмира, Шептун (Шепкач), Горыныч (Огнен змеј), се наведува на сајтот на Министерството за одбрана на Русија.

Пристигнаа повеќе од 254 илјади предлози за називи на најновото руско стратешко вооружување. По обработката и анализата се издвоени по 50 најпопуларни називи за секој од трите видови оружје за кое се гласа на сајтот.

Повеќе од 484 илјади гласачи, околу 18%, сакаат да ја наречат новата крстосувачка ракета по името на древниот сириски град Палмира. На второ место е „Император“ (речиси 372 илјади, околу 14%). Меѓу најпопуларните називи се и  „Нежданчик“ (жаргонски израз за неочекувано) и „Тишина“.

Повеќе од 28% или речиси 50 илјади луѓе се определија за името Шептун (Шепкач) за беспилотниот подводен апарат, додека на второ место е Карась (Караш), односно 27% (47 илјади гласови).

Повеќе од 23 илјади луѓе (речиси четвртина од вкупниот број) се одлучија за името Горыныч (Огнен змеј) за борбениот ласерски комплекс. На второ место е Офтальмолог (Офталмолог) cо 12 илјади гласови, речиси 13%. Меѓу популарните предлози се и имињата Светлячок (Светулка), Циклоп (Киклоп) и Зайчик (Зајче).

За новото вооружување неодамна првпат зборуваше претседателот на Русија Владимир Путин во своето обраќање до Федералното собрание, кога и повика да се гласа за нивните имиња на сајтот на Министерството за одбрана на РФ.  

Прочитајте повеќе за руското супероружје од кое нема одбрана: Со што го шокираше Путин светот?