Роботи за руската војска

За време на маневрите на руската Балтичка флота кои се одржуваа во исто време со меѓународните воени вежби на НАТО „Удар на сабјата 2014“ и „Балтопс 2014“, беа употребени борбените роботи Платформа-М, вооружени со фрлачи на гранати и со митралези Калашников. Роботите извршуваа борбени задачи заедно со своите живи колеги.

Непознато оружје 

Според сценариото воените вежби на падобранците и на крајбрежната единица требаа да „ликвидираат“ група терористи со поддршка на ловците-бомардери Су-34, фронтовскте  бомбардери Су-24 на поморската воздушна флота и на транспортно-борбените хеликоптери Ми-24. 

Сета оваа техника заедно со тенковите, со оклопните транспортери и со борбените возила на пешадијата, па дури и со беспилотните летала, на сите им е одамна и добро позната, но роботи во руската војска се гледаат за првпат. Претходно ваквата техника од руско производство можеше да се види само како експонат на различни саеми и изложби. 

Дека роботизираните борбени платформи (тоа е вистинското име за воените „роботи“) се појавиле во вооружувањето, можеше да се сфати по прикажувањето на оваа необична техника на воената парада во Калининград на 9 мај по повод на годишнината од победата во Втората светска војна. Но, не беше јасно во колкава мера „роботите“ (што беа донесени на автоплатформите) се подготвени за извршување на борбени задачи.


Извор: kinopoisk.ru

Според информациите од службата за односи со јавност на Западниот воен округ, во одржаната вежба „борбените роботи Платформа-М извршуваа задачи поврзани со ликвидација на претпоставени незаконски вооружени формации во градски услови, како и нанесување удар врз стационарни и врз подвижни сели“. Истакнато е дека Платформите делувале заедно со малите извидувачки беспилотни летала Груша. Комплексот е користен и за вршење извидување и за правење премин по минските полиња, кои, според сценариото на вежбата, ги поставиле терористи. 

Ликови од цртани филмови 

Платформа-М е роботизиран комплекс на гасенична шасија со далечинско управување, кој оддалеку потсетува на јунакот од познатиот цртан филм WALL-E, само што неговиот лик нема емоции, кои не се особено потребни во воениот повик. 

Платформата со јунакот од цртаниот филм ја поврзува и тоа што нешто слично на неговиот прототип се појави на рускиот Интернет во вид на анимирана презентација во која главниот јунак, сличен на Платформата (само на тркала) со леснотија ги уништува противниците-терористи кои се вооружени со оружје од земјите-членки на НАТО.

Извор: Сергеј Фатајанц

Според скудните операции што ги даде руската војска, комплексот Платформа_М е опремен со „средства за диференцирано блиндирање на шасијата и на платформите за оружје и е во состојба да обезбеди можност за бодење борбено дејствување ноќе, без демаскирање“. 

Роботот е вооружен со познатиот митралез Калашников кој се изработува во Ижевск, а има и четири фрлачи на гранати од непознат тип. Во Научно-истражувачкиот технолошки институт (НИТИ) „Прогрес“ кој го има создадено овој робот ги даваат следниве карактеристики: „Платформа-М претставува универзална борбена платформа, се користи за извидување, воочување и за уништување на стационарни и подвижни цевки, за огнена поддршка на единиците, за патролирање и за чување важни објекти. Системот поседува можност за нацедување на оружје, за следење и за уништување на целите во автоматски и во полуавтоматски режим на управување, опремен е со оптичко-електронска и со радиолокациска станица за извидување“. 

Наследник на Луноходот 

Иднината на роботиката во очите на писателите-фантастичари
Како научната фантастика го предвидува технолошкиот развој и кога роботите ќе го заменaт човекот?

Треба да се спомене дека Платформа-М не се појави туку-така. Традицијата на роботската техника во Русија постои уште од времето на Луноходот. Уште во 1964 година во вооружувањето на воено-воздухопловните сили беше воведен систем за беспилотно фотографско и радиотехничко извидување на големи растојанија, ДБР-1. Апаратот за извидување кој пролета од западните области на земјата би можел да извршува задачи над целата Централна и Западна Европа. Првата програма на Државниот комитет за наука и техника која се однесува на конструирање и на воведување индустриски роботи започна со работа во 1973 година. Според состојбата од 1985 година СССР имал 40% од целиот светски парк на индустриски роботи и според нивниот број беше пред САД. Се применуваа принципите на мрежноцентрично управување, а вештачката интелигенција е воведена во воената сфера. Уште во 1983 година во вооружувањето на Воената морнарица на СССР беше воведен противбродскиот систем П-700 Гранит. Неговата карактеристика се состоеше во тоа што ракетите при испукувањето самостојно влегуваат во борбен ред, разменувајќи информации и ги распоредуваат цевките меѓу себе. Притоа една ракета може да игра улога на лидер, да биде во повисок ешалон. Денес задачата за групно учество се разгледува значително пошироко. 

Со еден збор, во оваа сфера Русија зад себе веќе има сериозно искуство, производи и технолошки резерви, вклучувајќи ги и оние што немаат еквиваленти во странство. Но, со оглед на тоа дека имаат изгубено 20 години, руските научници засега де-факто во улога на оние кои не ја водат, туку се натпреваруваат во трката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња