Добро информирани извори: „Авангард“ пристигнува во рускиот арсенал најдоцна до 2019 година

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Најновиот хиперсоничен ракетен систем „Авангард“ ќе ѝ биде испорачан на руската армија најдоцна до 2019 година. Ова за ТАСС го соопшти извор во рускиот военоиндустриски сектор.

„Кога ќе биде произведена првата серија крстосувачки боеви глави, доколку контролното лансирање на една ракета со таква боева глава биде успешно, системот „Авангард“ може да ѝ биде испорачан на руската армија веќе кон крајот на 2018 година. Крајниот рок за воведување на овој систем во експлоатација и негово поставување на борбено дежурство е 2019 година“, рече споменатиот извор.

ТАСС не поседува официјална потврда на оваа информација.  

Доброинформираниот извор исто така истакна дека со воведувањето на системот „Авангард“ бројот на ракетни дивизии во стратешките ракетни сили нема да биде зголемен затоа што најновите системи ќе ги добијат веќе постојните ракетни единици.

Претходно заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов соопшти дека министерството склучило договор за производство на хиперсоничниот стратешки систем „Авангард“. Првпат во јавноста овој ракетен систем со крстосувачка боева глава беше споменат од претседателот на РФ Владимир Путин на 1 март при своето обраќање до Федералното собрание. Подоцна командантот на стратешките ракетни сили Сергеј Каракаев прецизираше дека тестирањето на „Авангард“ е успешно завршено.

„Авангард“ е стратешки ракетен систем со интерконтинентална балистичка ракета која носи крстосувачка хиперсонична боева глава. Според податоците од извори достапни до јавноста, системот е направен во фабриката рема „НПО Машиноградба“ (град Реутов, Московска област) и тестиран е од 2004 година. Блокот со боева глава може во густите слоеви на атмосферата да развива хиперсонична брзина, да маневрира на сите страни и да ја совлада секоја противракетна одбрана.

Прочитајте повеќе: Почна сериското производство на стратешкиот систем „Авангард“