Оклопните возила „Тајфун-К” добиваат нови заштитни системи

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Оклопните возила „Тајфун-К” ќе бидат опремени со нови противпожарни системи, што значително ќе ја унапреди безбедноста на војниците кои се наоѓаат во нив. Државната корпорација „Ростех” го почнува сериското производство на автоматскиот противпожарен систем за руското оклопно возило „Тајфун-К“, објави прес-службата на корпорацијата.

Овие оклопни возила се наменети за транспорт на војници, а ги користат и, меѓу другото, руските деминери во Сирија при деминирање на населбите на ослободената територија.

Новиот противпожарен систем обезбедува брзо откривање и ликвидирање на пламенот со помош на брзодејствувачки автоматски модули за гаснење на пожар.

„Овој систем значително го зголемува нивото на безбедност на војниците во оклопните возила „Тајфун-К“. Во иднина овие технички решенија можат да се користат и во техниката за цивилна намена“, се наведува во соопштението на кластерот за конвенционално воружување, муниција и специјална хемија на „Ростех”.

Новиот систем автоматски реагира на појавата на пламен, ефикасно го локализира и не дозволува да дојде до секундарно палење. Средството за гаснење е безопасно по состав, благодарение на што екипажот може да продолжи со извршување на задачата без да го напушти возилото. Системот е тестиран во борбени услови и притоа се потврдени неговите исклучителни технички карактеристики.

Прочитајте повеќе: Првите „Тајфуни“ пристигнаа во руската армија