БМД-4М
Виталиј В. КузминНајновиот систем е создаден врз база на борбената десантна машина БМД-4М. Тоа е исклучиво зенитен ракетен систем без топовско вооружување. Ќе може да се доставува со воено-транспортни авиони и да се исфрла со помош на падобрански системи. Според авторот на проектот, „Птицелов“ ќе биде поефикасен од системите за противвоздушна одбрана кои во моментов се наоѓаат во вооружувањето на руските воздушно-десантни сили.
Генерал-полковник Андреј Сердјуков додава дека новиот противвоздушен ракетен систем за десантирање од воздух ќе го добијат батериите на падобранско-десантните и десантно-јуришните дивизии на ВДВ. И не само тие - „Птицелов“ ќе можат да го користат и припадниците на другите видови и родови на вооружените сили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче