Се симнува превезот на тајната од новата руска ракета на нуклеарен погон

YouTube
Заменик-министерот на рускиот воен ресор откри дел од тајната што ја покрива најновата и засега безимена ракета на нуклеарен погон.

Во интервјуто за весникот „Краснаја звезда” Јуриј Борисов соопшти дека новата ракета може да се детектира единствено на самиот приод до целта, како и дека нејзините маневарски способности ја прават неранлива.

„Таа може да испорача товар на кое било растојание. Може да лета со денови“.

Заменик-министерот за одбрана на РФ изјави дека руските стручњаци за нуклеарно оружје веројатно први на светот конструирале вакво оружје. Тој им се заблагодари затоа што „оваа бајка ја преточија во реалност“.

Според неговите зборови, во текот на тестирањето е потврдено дека нуклеарниот погонски систем може да ја постигне потребната сила. Ракетата всушност стартува на обичен барутен погон, а дури подоцна се активира нуклеарниот мотор.

Лансирањето мора да се врши во краток временски период.

„Специфичноста на оваа ракета е во тоа што таа е можеби и побавна од хиперсоничниот „Кинжал“, но лета според зададената траекторија, избегнувајќи ги нерамнините на теренот на мала висина, што го отежнува нејзиното откривање“, објасни Борисов.

За новата ракета првпат зборуваше претседателот на Русија Владимир Путин при обраќањето до Федералното собрание годинава. Нејзината специфичност е во тоа што не користи балистичка траекторија на летањето до целта. Руските инженери затоа ја опремија со компактен нуклеарен погонски систем.

Загрижените западни експерти веќе објавија неколку статии посветени на новата ракета. Тие ја нарекоа „незапирливата“.

Русите, меѓутоа, сѐ уште не го најдоа вистинското име за ова застрашувачко оружје.

Прочитајте повеќе за руското супероружје од кое нема одбрана: Со што го шокираше Путин светот?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња