Министерството за одбрана на Русија има намера во најскоро време да почне со демонтирање на интерконтиненталните балистички ракети „Воевода“, познати на Запад под називот „Сатана“. Место овие ракети се воведуваат интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“, пренесува порталот tvzvezda.ru.
Ова во интервју за изданието „Краснаја звезда“ го изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Јуриј Борисов.
„Руската армија во својот арсенал поседува тешка ракета на течно гориво која има доволен енергетски потенцијал и поднесува големо оптоварување. Сите добро знаат за таа ракета. Таа кај нас се нарекува „Воевода“, а на Запад ја нарекуваат „Сатана“, изјави тој.
Борисов истакна дека оваа ракета е „веќе при крај на својот работен век“.
Претходно беше соопштено дека ракетата РС-28 „Сармат“, која Владимир Путин ја претстави при обраќањето до Федералното собрание, се произведува во Краснојарската машинска фабрика. Стартната маса на оваа ракета изнесува повее од 200 тони, а дело од ракетата кој стигнува на целта е тежок 10 тони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче