Роботи ќе ги заменат руските војници

Саид Царнаев / РИА Новости
Со текот на времето во војните сé поголемо учество ќе земаат роботите, а сé помалку луѓето. Сé уште е далеку моментот кога вооружените сили во целост ќе бидат составени од вештачка интелигенција, но веќе сега на машините им се доверуваат важни задачи кои претходно ги извршуваа луѓето.

Роботите во руската армија не се некаква замислена претстава од иднината, туку се дел од современата воена практика. Веќе се воведени во експлоатација многу уреди кои во целост ги заменуваат луѓето. Меѓу нив се, на пример, беспилотните летала, роботите за чистење на терените од мини и апаратите за извидување и набљудување. Подводниот апарат „Гном“ е наменет за извидување и деактивирање мини под вода, а е тестиран во 2005 година. И самоодечкиот зенитно=топвски систем „Панцир С1“ работи во автоматски режим.

Гном. Press PhotoГном. Press Photo

Но, тоа се само единечни проекти. Тие често не се настанати во рамките на одделна програма. Во Русија производството на роботи како посебен вид вооружувања е во зародиш.

Важна задача на роботите е загубите на човечките животи да се сведат на минимум. Примената на автоматизирана техника за чистење на теренот од мини веќе придонесе значително да се намали бројот на жртво кај минеритге. Освен тоа, роботите имаат уштге една важна предност: функционираат во услови во кои човечкиот организам физички не може да опстане. Во оваа смисла особено се ефикасни под вода и на територија загадена со радијација

Панцир С1. Извор: Виталиј КузминПанцир С1. Извор: Виталиј Кузмин

Модели од иднината

Руската воена индустрија веќе има проектирано неколку видови борбени роботи. Еден дел од овие проекти наскоро ќе биде испорачан на армијата. Меѓу најперспективните е роботот „Платформа М“. Тоа е едноставна подвижна конструкција теѓка еден рон која служи како носач на оружје. На „Платформа“ можат да се монтираат неколку фрлачи на гранати, митралези, противтенковски систем... Со други зборови, практично секое преносливо вооружување кое не е потешко од 300 килограми. Роботот станува многу ефикасен извидувач доколку на неговата носечка конструкција се монтираат средства за радиоелектронско набљудување. „Платформа“ има цврст оклоп, така што операторите не мора да се грижат доколку роботот биде изложен на непријателски оган од стрелачко оружје. Овој борбен апарат може да се движи со брзина нешто поголема од 10 километри на час, што е речиси еднакво на војник што трча. Освен тоа, машината преку 10 часа може да се движи во режим на борбен марш, што не може да го направи дури и најиздржлив војник.

Платформа М. Извор: Виталиј Анков / РИА НовостиПлатформа М. Извор: Виталиј Анков / РИА Новости

Сличен на овој модел е и МРК-27-БТ. Тоа е исто така еден од перспективните проекти на руската воена индустрија. Тој истовремено носи неколку ракетни фрлачи, фрлач на пламен и митралез, а може да применува и димни и звучно-светлосни гранати. Оваа машина се движи по мошне непристапни терени благодарение на специјално дизајнираната гасеница. Максималната оддалеченост на примена е околу 500 метри, што значи дека операторот се наоѓа надвор од зоната на непосредна опасност. Обата роботи, и „Платформа“ и МРК-27-БТ, во следниве години ќе станат дел од арсеналот на вооружените сили на Русија.

Роботизиран „универзален војник“

Особено внимание заслужува роботот „Уран“. За разлика од другите проекти на руската воена индустрија, тој истовремено може да врши неколку различни функции во борбени услови. Во тоа се состои и неговата специфичност. На пример, „Платформа“ е компактен апарат со габарит од 1.5 на 1.5 метри, додека „Уран“ наликува на танкета. Тежок е 8 тони и може да служи и како борбен робот, и како ловец на мини, и како апарат за гаснење пожари.

МРК-27-БТ. Извор: Виталиј В.КузминМРК-27-БТ. Извор: Виталиј В.Кузмин

„Уран“ е опремен со вообичаено стрелачко оружје, а исто така и со топови и ракетни системи, тала што сам по себе претставува моќна борбена единица. Неговите можности беа впечатливо демонстрирани на тестирањето извршено во мај 2015 година. Овој робот може да уништува непријателска жива сила и оклопна техника, како и определени воздушни цели. Операторот на „Уран“ може со него да управува на оддалеченост од еден километар, што е важно во борбени услови, но и во други ситиуации. На пример, направена е посебна модификација на овој робот за гаснење шумски пожари и за расчистување урнатини, што според замислата на конструкторот треба да му обезбеди на „Уран“ широка примена во цивилната сфера.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња