Лансиран недофатливиот „Кинжал“: Како руската хиперсонична ракета ги ужасна Британците

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на РФ објави видеоснимка од маневарско лансирање на хиперсоничната ракета на високопрецизен авијациски ракетен систем „Кинжал“ од авион-ловец МиГ-31 на Воздушно-космичките сили на Русија.

Пентагон веројатно многу детално ќе го анализира секој кадар од оваа снимка. Ова е прва таква снимка што се објавува во јавноста. Британскиот „Дејли Стар“ веќе ја карактеризираше видеоснимката од лансирањето како шокантна. За тоа се зборува во коментарот на овој весник објавен во неделата, 11 март. „Ужаснува“, ги цитира „РИА Новости“ своите британски колеги.

До местото на лансирањето ракетата ја доставува МиГ-31БМ, потполно модернизиран авион-ловец. Одделни делови на ракетата на снимката мораа да бидат „замачкани“. Конструкторските решенија се државна тајна, но во објавената снимка има доволно податоци за да се сфати колку е посебен системот „Кинжал“. Ракетата при соодветна брзина се одвојува од авионот, потоа од ракетата се одвојува штитникот на опашката и се вклучува моторот, по што ракетата достигнува хиперсонично забрзување и во лет може да маневрира во сите правци, така што недофатлива за системот за противракетна одбрана, пренесува порталот m.ren.tv.

Потенцијалните цели на најновото руско хиперсонично оружје се непријателските бродови – од носачи на авиони до фрегати. „Кинжал“ е недофатлив за ПВО благодарение на големата брзина на летањето и маневарските можности, а со оглед на големиот домет на авионот од кој се лансира не мора да влегува во зоната на нејзиното дејство.

Прочитајте повеќе за руското супероружје од кое нема одбрана: Со што го шокираше Путин светот?