Русија е чекор пред САД и Кина кога станува збор за хиперсоничните ракети. Разорниот прототип на оваа ракета ита кон целта со брзина од 2.5 километри во секунда, што е осум пати побрзо од брзината на звукот!
„Тие ракети, главно, ќе имаат најмоќни боеви глави и тоа ќе биде ново руско средство за одвраќање, како што е денес нуклеарното оружје“, вели поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.
Првото хиперсонично оружје е противбродската ракета „Циркон“. Министерството за одбрана минатата година во тајност успешно ја тестираше оваа ракета, но засега не се објавени никакви фотографии, ниту видеоснимки.
„Сега се знае само дека првата верзија на Циркон може да уништи цел оддалечена 500 километри. Конструкторите имаат амбициозна задача да ја модернизираат оваа ракета да може да развие брзина од 3.5 километри на час“, истакнува Сафонов. Обидете се да избегате од вакво оружје!
Сепак, засега не е познато кои руски бродови ќе добијат ракети од новата генерација, иако експертите сметаат дека тешките ракетни крстосувачи ќе бидат модернизирани во согласност со стандардите на новото вооружување.
„Прв брод на овој список може да биде Петар Велики, главниот воен брод на руската флота“, додава Сафонов.
Ниту една земна во својот арсенал нема хиперсонични ракети, и затоа „Циркон“ најверојатно ќе биде првото оружје кое може да избегне пресретнување на секој систем за ПВО во светот.
На пример, американскиот систем за ПВО „Aegis“ реагира за осум секунди, а руската хиперсонична ракета за тоа време ќе биде веќе далеку и веројатно веќе ќе ја уништи својата цел.
Москва, исто така, работи и на воведување на оваа ракета во сопствениот систем за ПВО-ПРО во случај и други земји да развијат слична технологија. Поради тоа корпорацијата „Алмаз Антеј“ има намера да ги интегрира хиперсоничните технологии во новиот систем за ПВО-ПРО С-500 „Прометеј“.
Покрај тоа, според генералниот конструктор на корпорацијата Павел Созинов, компанијата тежнее да направи ракета која ќе достигнува височина од 100 километри, што е мошне близу до космосот.
„Направивме пресметки поврзани за развојот на ресурсите потребни за воздушен напад во следниве 25 години. Нашиот систем мора да знае како да се бори против оружјето кое денес уште не постои, но кое може да се појави. Станува збор за пресретнување ракети во разредените слоеви на атмосферата, па и во нејзините највисоки слоеви, стотици километри оддалечени од Земјата“, објаснува Созинов.
Сега е во тек тестирањето на системот С-500. Доколку идејата добие „зелено светло“ овие ракети ќе можат да „дофатат“ дури и цели кои кружат околу нашата планета. И покрај хиперсоничната брзина и можноста за уништување цели на далечина од 600 километри, овој систем ќе може да препознава и да уништи 10 цели истовремено.
Произведувачот се подготвува да ги презентира првите системи С-500 во 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче