Ердоган: Турција нема да се откаже од договорот за купување руски С-400 без оглед на можните санкции

Wikipedia
Претседателот на Турција најави дека неговата земја нема да прави никакви отстапки и дека ќе се држи до правилниот пат во постигнувањето на сопствените цели.

Турција нема да се откаже од купувањето на противвоздушните ракетни системи С-400 „Триумф“ од Руската Федерација, без оглед на можните американски санкции, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ништо не зборувавте за сметка на Грција (по повод купувањето на системи С-300 од Русија), но зборувавте дека нема да ѝ дозволите на Турција да набави С-400, а договорот со Русија го нарекувавте грешка. Исто така, зборувавте дека би можеле да воведете санкции. Ние немаме намера да ви поднесуваме рапорт. Ние, без да правиме какви било отстапки, ќе се држиме до правилниот пат во постигнувањето на сопствените цели“, рече Ердоган, пренесува телевизиската станица Haber Turk

Во ноември 2016 година се појави информација за преговорите меѓу Турција и Русија за купопродажба на С-400. Руската страна на почетокот на септември истата година потврди дека договорот е склучен, а турскиот претседател Ердоган соопшти дека е уплатен депозит. Турција би била првата земја во составот на НАТО која од Русија би го купила системот С-400. Колку точно ќе бидат испорачани противвоздушни ракетни системи официјално не е соопштено.

Покрај тоа, кон средината на февруари военодипломатски извор изјави за агенцијата ТАСС дека Русија и Турција имаат намера да потпишат договор за испорака на втор комплет С-400 „Триумф“ во 2020 година. Според соговорникот на руската државна агенција, во планот е во новиот документ да биде договорен делумен пренос на производството, што значи дека турските компании ќе изработуваат по руска лиценца одделни компоненти на С-400 „кои не се од клучно значење за функционирањето на системот“. Од Федералната служба за военотехничка соработка на РФ и „Рособоронекспорт“ не ја коментираа оваа информација.

Прочитајте повеќе: НАТО против НАТО: Зошто Турција го купува рускиот систем С-400?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња