Зошто Русија испраќа ловци Су-57 од петтата генерација на сирискиот фронт?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Утрото на 22 февруари рускиот ловец Су-57 од петтата генерација се приклучи на воената кампања против терористите во Сирија.

Најсовременото оружје што го поседува Москва сега се применува против ИДИЛ заедно со другите руски, како и американски авиони и бомбардери.

Каков е планот?

Од ловецот Су-57 веројатно не се очекува да ги истреби терористичките банди во Сирија. Најверојатно негова цел е ограничување на можностите на терористите во конкретни региони, смета Виктор Мураховски, главен уредник на списанието „Арсенал отечества“.

„Ниту еден борбен лет на овој авион нема да има задача да 'стави крај на терористите', ами да ги обезбеди очекуваните резултати од примената на селективно ракетирање, односно бомбардирање на положбите на секој вид ново оружје кое го носи Су-57“, вели аналитичарот.

Пред операцијата во Сирија, корпорацијата „Тактическое ракетное вооружение“ специјално за Су-57 направи нови видови ракети и наведувачки проектили. Руските производители на оружје и Министерството за одбрана, сепак, не откриваат кои нови видови оружје ги тестираат овие авиони во борбите. Не е соопштено нити колку ќе чини придружувањето на ловецот од петтата генерација во оваа операција.

„Сега задачата е тие да се испробаат во реална борба и ловецот од петтата генерација да се интегрира во системот на набљудувачки и офаназивни сили во Сирија“, истакнува експертот.

Авионите ќе бомбардираат цел на височина од најмалку 5.000 метри, што значи дека не може да ги улови ниту еден преносен противавионески ракетен систем што го поседуваат терористите.

„Армијата нема да дозволи да се повтори ситуацијата со офанзивниот авион Су-25 кој беше соборен од преносниот зенитно-ракетен систем Игла кога се спушти на висина од 2 километри за да ги бомбардира терористите“, истакнува Мураховски.

Тој очекува Су-57 да учествува во операција во текот на следните два-три месеци.

„Толку обично трае престојот на руските воени пилоти на терен. По истекувањето на овој период авионите се враќаат во својата воздухопловната база, а наместо нив се испраќа нов ешалон ловци и бомбардери“, заклучува Мураховски.

Кои бомби и ракети ќе се применуваат?

Најмодерниот авион треба да биде вооружен со најмодерно оружје. Покрај ракетите „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, како и топот со калибар од 30 милиметри, ловецот Су-57 ќе има цела низа бомби кои не се закачени за крилата, ами се скриени во внатрешноста на авионот за да се намали воочливоста на непријателските радари.

Военото воздухопловство на Русија во сириската кампања веќе тестираше многу оружја кои ги користат ловците од петтата генерација. На пример, фугасно-распрскувачката запалива бомба ОФЗАБ-500 и термобарната авионска бомба ОДАБ-500ПМВ. Тестирањето на вооружувањето на авионот Су-57 се врши истовремено со неговите летни можности.

Започнувајќи од 2020 година воздушно-космичките сили на Русија ќе ги вооружат своите авиони со најмодерни бомби и ракети.

Да потсетиме дека авионите СУ-57 слетаа на воздухопловната база Хмејмим на 21 февруари.

Претходно блогерката Дијана Михајлова објави дека во Сирија на 21 февруари исто рака пристигнале четири ловци Су-35С, како и авион за радарско откривање и команда А-50У.

На почетокот на февруари беше соопштено дека руската војска започнува пробна борбена промена на ловецот Су-57 од петтата генерација.

На 6 јануари започнаа летачките тестирања на десеттиот ловец од петтата генерација Су-57, а кон крајот на јануари рускиот ловец СУ-57 започна летови со оружје од новата генерација.