Фотографиите со двата авиона Су-57 ги објави ImageSat International на „Твитер“.
Ден претходно на интернет беа објавени фотографии за кои се тврди дека се со уште два руски ловци Су-57 кои пристигнале во Сирија.
Претходно Русија одлучи да ги тестира во Сирија системите за вооружување на најновиот ловец од петта генерација Су-57 (познат и под ознаките ПАК-ФА и Т-50).
Најмодерниот авион треба да биде вооружен со најмодерно оружје. Покрај ракети „воздух-воздух“ и „воздух-земја“, како и топ калибар 30 милиметри, ловецот Су-57 ќе има цела низа бомби кои не се закачени на крилата туку скриени во внатрешноста на авионот за да се намали забележливоста на непријателските радари.
Военото воздухопловство на Русија во сириската кампања веќе тестираше многу оружја кои ги користат ловците од петта генерација.
Тестирањето на вооружувањето на авионот Су-57 се врши истовремено со тестирањето на неговите летачки можности.