Медиуми: Во руската воздухопловна база во Сирија пристигнаа уште два ловци Су-57

Ловецот од петта генерација Су-57

Ловецот од петта генерација Су-57

sukhoi.org/Global Look Press
Уште два авиони-ловци од петта генерација Су-57 слетаа во руската воздухопловна база Хмејмим во Сирија, соопштија локалните медиум.

Претходно медиумите исто така соопштија дека во Хмејмим слетале два ловци Су-57, но засега таа информација не е официјално потврдена.

Според Владимир Гутењов, шеф на комисијата на Државната дума за давање правна помош за развој на организациите на военоиндустрискиот сектор, појавувањето на напредните руски ловци во Сирија ќе биде фактор на одвраќање „за авионите на соседните држави кои периодично го нарушуваат воздушниот простор“ на таа земја.

Пред операцијата во Сирија корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ направи специјално за Су-57 нови типови ракети и наведувани проектили. Руските производители на оружје и Министерството за одбрана на РФ, меѓутоа, не откриваат кои нови видови вооружување ги тестираат овие авиони во борба. Не е соопштено ниту колку ќе чини приклучувањето на ловците од петта генерација на ова операција.

Авионите ќе бомбардираат цели од висина од најмалку 5000 метри, што значи дека не може да ги дофати ниеден преносен противавионски ракетен систем што го поседуваат терористите.

Прочитајте повеќе: Во Сирија забележан најновиот Сухој Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња