Како што соопштува порталот topwar.ru, војниците на сириската армија го снимиле нападот на системот за деминирање со чија помош била уништена зграда каде терористите ја опремувале закрепената позиција. Притоа, снимањето се вршело не само од земја, туку и од воздух, со помош на дрон.
На видеот се прикажува како „Змејот Горинич“ од заштитена борбена позиција се подготвува за напад, а потоа гаѓа. Лансираната ракета лета кон позициите на терористите, по што се случува експлозија.
На снимките направени од возух со квадрокоптер, добро се гледа како УР-77 ја исфрла ракетата и каде оди ракетата. По некое време на територијата на терористите се случува силна експлозија и се гледаат огромни облаци од чад.
Разработениот врз база на самоодната хаубица 2С1 „Гвоздика“ УР-77 „Метеорит“ („Змеј Горинич“) може да прави широки премини во противтенковски мински полиња со помош на силниот бран од екплозијата. Во Сирија „Змејот Горинич“ активно се користи како ефикасно оружје и за рушење на фортификациските објекти на терористите, пренесува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче