Се работи за уникатна задача за овој вид на авијација. Екипажите на Воено-транспортната авијација симулираа примена на авиобомби со помош на обележувачки средства, за да ги маркираат точките на напад и подоцнежниот десант. Летовите се изведувани на висина од 400 до 600 метри со брзина од повеќе од 500 км/ч. Освен тоа, пилотите работеа во сложени временски услови на многу ниски температури.
Во школските летови беа вклучени повеќе од десет авиони Ил-76МД. Со леталата управуваа пилотски екипажи кои се наоѓаат во состав на воздухопловните единици стационирани во Тверската, Псковската, Оренбуршката и Ростовската област.
Како што соопшти службата за односи со јавност на Министерството за одбрана на РФ, летање во сложени временски услови во Тверската област увежбуваа и екипажи на Воздушно-космичките сили на хеликоптери Ми-35, Ка-52, Ми-27 и Ми-8 со различни модификации, како и на новите хеликоптери Ми-28УБ. Применувани се разни елементи на пилотирање и летови на исклучително ниски висини, реализирани се слетувања на неуреден терен, истоварување на тактички десант и вршени се воздушни напади врз копнени мети.