Во Сирија забележан најновиот Сухој Су-57

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сириски активисти објавија дека во арапската република пристигнале два најнови руски ловци од петта генерација Сухој Су-57.

Авионите на 21 февруари слетале во воздухопловната база Хмејмим. „Фотографијата е направена за време на нивното слетување во базата Хмејмим“, објави корисник на „Твитер“ со фотографија од ловците.

Претходно блогерката Дијана Михајлова објави дека во Сирија на 21 февруари пристигнале и четири ловци Су-35С, како и авион за радарско откривање и команда А-50У.

На почетокот на февруари беше соопштено дека руската војска почнува пробна борбена примена на ловецот од петта генерација Су-57.

На 6 јануари почнаа летачките тестирања на десеттиот ловец од петта генерација Су-57, а кон крајот на јануари Су-57 почна летови со оружје од нова генерација.

Прочитајте повеќе: Кој ловец може да му се спротивстави на рускиот Су-57?