Повеќе од 20 нови хеликоптери на првите воени вежби во планините на Кубањ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Повеќе од 20 хеликоптери, меѓу кои Ми-25Н „Ноќен ловец“, транспортно-офанзивни хеликоптери Ми-35М и ударниот Ка-52 „Алигатор“ успешно ги изведоа поставените задачи на маневрите во планините на Краснодарскиот крај.

„Околу 60 пилоти одлично ги извршија своите задачи во префрлување на помошни хелиодроми, истоварување на десант во планините и гаѓање на оклопна техника и жива сила на условен непријател со митралези и ракетно оружје“, изјави началникот на прес-службата на Јужниот воен округ Вадим Астафјев.  

Примената на најновите хеликоптери во Краснодарскиот крај покажа висок степен на обученост на пилотите и инженерите, додаде тој.

Погледнете го видеото: Американците ги споредија јуришните хеликоптери „Апачи“ и „Алигатор“