Су-35.
Sukhoi.orgСпоред Лукита, се работи за стокова размена под надзор на владите на Русија и Индонезија. Таа вклучува „од една страна 11 ловци Су-35, а од друга - кафе, палмино масло, чај и друга суровинска роба“, пренесува „Взгљад“.
Минатата недела „Ростех“ и индонезиската компанија во државна сопственост The Indonesia Owned Enterprises State Trading Company потпишаа меморандум за соработка во кој се предвидува програма на контратрговија според договорот за испорака на ловци Су-35 на Индонезија.
Претходно амбасадорот на Индонезија во Русија Вахид Суприади изјави дека неговата земја сака да купи осум нови повеќенаменски ловци Су-35. Подоцна нивниот број ќе се зголеми на 16.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче