Пресретнувачите имаа задача да го спречат пробивањето на системот за ПВО и масовен воздушен напад врз стратешките воени и индустриски објекти. Во улога на „непријателот“ беа ловци Су-30СМ и Су-35С.
Во пресрет на авионите кои го „нарушија воздушниот простор“ полетаат надзвучни пресретнувачи МиГ-31БМ на дежурните сили за ПВО. Нивните екипажи добиваа во реално време од А-50У координати и параметри за движењето на „непријателските“ авиони.
„Секоја цел е условно погодена со ракети на оддалеченост поголема од 100 км“, изјавија од Министерството за одбрана на РФ, а пренесува порталот rg.ru.
Сто километри не е најголемиот домет на авионот МиГ-31. Тој уникатен пресретнувач постави светски рекорд во далечина на целно гаѓање. Може да погоди воздушна цел со наведувана ракета на трипати поголемо растојание. МиГ-31 автоматски разменува податоци со авионот А-50У.
„Летечкиот радар“ е направен врз основа на авионот Ил-76. Екипажот го сочинуваат десет лица, од кои петмина управуваат со моќниот радар. Благодарение на формата на радарската станица на трупот авионот А-50У го доби прекарот „печурка“. Ова летало контролира воздушен простор во радиус од 800 километри и може истовремено да следи 300 цели, праќајќи ги нивните координати до авионите-ловци и средствата за ПВО на копно. Авионите со радар за откривање на оддалечени цели и управување на Воздушно-космичките сили на Русија се базирани во Иваново.