Како што се наведува, во март 2017 година радиолокациската опрема на „Премиер“ првпат ќе биде подигната во воздух, а за тоа ќе помогне авионот Ил-76МД-90А, попознат како Ил-476, по што опремата конечно ќе биде инсталирана во А-100.
Во работите за изработка на новиот авион-локатор учестуваа неколку десетици руски компании од одбранбената индустрија, меѓу кои се и „Обединетата корпорација за производство на авиони“, холдингот „Технодинамика“, и концернот „Алмаз-Алтеј“.
Иако нема многу информации за авионот, се наведува дека А-100 „Премиер“ ќе биде снабден со современ радиотехнички систем со активна фазна антенска решетка (АФАР) од последна генерација.
Се верува дека таквиот систем ќе претставува клучна алка во известувањето и управувањето за сите видови војска во состав на Вооружените сили на Русија, пишува „Известија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.