Овие оклопни роднини имаат многу заеднички нешта. Меѓу другото, проектирани се и се произведуваат во Омск. Како почетна шасија за двете е избран тенкот Т-72, проверен со повеќегодишната употреба во војската и разни воени судири. БМО-Т и ТОС-1А ќе служат заедно во состав на силите за радијациска, хемиска и биолошка заштита.
Ги поврзува и тоа што се произведени во релативно мал број.
БМО-Т е всушност тежок оклопен транспортер. Вистина, освен екипажот од 2 војника плус 7 војници за десант во возилото собира и уште 30 пламенофрлачи „Шмељ”.
Освен моќниот тенковски оклоп, заштита обезбедува и „реактивниот“ систем „Контакт-5” кој е во состојба да неутрализира не само кумулативна муниција, туку и противоклопни поткалибарни проектили кои имаат форма на стрела. И противкумулативните плочи на тенкот исто така се засилени со динамична заштита.
Затоа БМО-Т е значително посамоуверен на бојното поле во споредба со техниката врз база на лесните оклопни возила МТ-ЛБ и БМП-2.
Во случај на потреба тешкиот оклопен транспортер-пламенофрлач може да одговори и со помош на тенковскиот митралез Никитин-Соколов-Волков калибар 12,7 милиметри. И покрај тежината од 43,9 тони, возилото е многу подвижно. Моќниот мотор од 840 КС постигнува брзина до 60 км/ч. Со полн резервоар поминува преку 700 километри.