Претходно заменик-командантот на формацијата на ПВО-ПРО за посебни намени на Воздушно-космичките сили на Русија полковник Андреј Прихотко изјави дека ракетата успешно ја извршила задачата и ја погодила симулираната цел.
„Нејзините тактичко-технички карактеристики кои се однесуваат на дострелот, прецизноста и роковите на експлоатација значително ги надминуваат карактеристиките на постојното вооружување во составот на војската“, изјави Прихотко.
Противракетниот систем се наоѓа во состав на формацијата за ПВО-ПРО и е наменет за заштита на Москва од воздушни напади.
Претходно комерцијалниот директор на воениот журнал „Арсенал Отечества“ Алексеј Леонков изјави дека испитуваната ракета наскоро ќе стане интегрален дел на перспективниот противракетен систем А-235 „Нудољ“. Овој проект би требало да биде готов до 2020 година. За овој систем се предвидени 2 типа антибалистички ракети. За двата типа на овие ракети е предвидено да можат да носат атомски боеви глави. Нивната сила се движи од 10кт-2мт.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче