Видео: Слетување на огромен „летечки шлепер” во екстремни услови

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во воздухопловната база Мигалово кај Твер се одржани вежби на руската Воено-транспортна авијација. Пилотите на огромните „летечки шлепери” Ан-22 „Антеј”, Ан-124 „Руслан” и Ил-76 увежбуваа еден од најсложените елементи во својата професија: слетување на снег и полетување од снег.

„Овa е планска обука, низ неа поминуваат сите кандидати за капетани на леталата. Мораме да умееме да летаме и таму каде што не постојат аеродроми. Транспортните авиони можат да слетуваат и полетуваат од снежни, земјени и тревни површини. Треба само да се умее“, изјави командантот на воената транспортна авијација Владимир Бенедиктов.

Распонот на крилата на четворомоторниот „Антеј” е 64 метри, нормалната маса во лет му изнесува 160 тони. Ова грдосија може да слета и таму каде што не може да пројде ни автомобил. Повеќеосовинскиот трап му овозможува да слета на неподготвена површина, а брзината не ја намалува со помош на сопирачките, туку со помош на моторите.

Кога авионот ќе ја допре земјата, моторите со вкупна сила од 61 илјада коњски сили почнуваат да се вртат наназад: лопатките на пропелерите ја менуваат положбата и пропелерите го запираат Ан-22.

„При полетување и слетување на неподготвени терени е потребно многу глатко и прецизно да се управува со командите, особено со предните тркала. Уште една специфичност е во тоа што авионот не стои во место. Штом вклучи режимот за полетување тој практично тргува веднаш“, изјави командирот на „Антеј“ Сергеј Першин за телевизијата „Ѕвезда”.

Прочитајте повеќе: Како руските воени аеродроми „научија да испуштаат крици”?