Претседателот на Русија Владимир Путин се запозна со новата лимузина, дел од проектот „Кортеж“, наменета за превоз на највисоките државни функционери. Ова за весникот „Известија“ го изјави министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров. Рускиот претседател, според зборовите на министерот, е задоволен од работата на домашните конструктори.
Како што објасни Мантуров, шефот на руската држава го тестирал „прототипот А“, токму онаа серија автомобили која треба да ја добие Федералната служба за обезбедување до крајот на 2017 година.
„Владимир Путин веќе се запозна со проектот, виде различни негови етапи. Со „прототипот А“ дури и се возеше, „прототипот Б“ не успеавме да му го покажеме“, изјави рускиот министер за индустрија и трговија.
Проектот „Кортеж“ се реализира по налог на претседателот на Русија од 2012 година. Проектот предвидува автомобили од луксузна класа – лимузини, седани, теренски возила и комбиња за превоз на највисоките државни функционери.
„Дебито“ на овие автомобили треба да се случи на инаугурацијата на претседателот по изборите во 2018 година. Притоа во иднина се планира ВИП-автомобилите да бидат достапни и за другите граѓани – сериското производство ќе почне во 2018-2019 година. Минатата година за реализација на проектот „Кортеж“ беа издвоени 3,7 милијарди рубли.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче