Апаратурата над пистата испушта звуци на истрели, крици на ранети или фатени птици. Една од првите бази кои ја добија новата опрема е авиобазата во Воронешката област, каде што се стационирани најновите бомбардери Су-34.
„За авијацијата претставуваат опасност одделни видови птици кои летаат на висина до три илјади метри, како и основната маса на птици кои летаат на висина од 100 до 500 метри во секторот за полетување и слетување на авионите и хеликоптерите”, објасни раководителот на прес-службата на Западниот воен округ полковник Игор Мугинов.
Освен акустични средства, стручњаците за безбедност на летањето на воените аеродроми применуваат и ултразвучни и ласерски уреди, сигнални пиштоли, гасни топови, штракала, топки со огледала, кукли на луѓе и грабливки. Сѐ на сѐ, се работи за околу стотина различни средства за растерување на птици.