Американски медиуми: Тандемот С-400 - „Панцир“ го затвора небото за НАТО авионите

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Примената во тандем на противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф“ и топовско-ракетниот систем „Панцир-С1“ ќе има драматичен ефект кога се работи за обезбедување на руското небо, велат експертите од американската аналитичка организација The Jamestown Foundation.

Авторите на ова истражување му посветуваат особено внимание на развојот на системот „Панцир-С1“ чии можности во последно време с значително зголемени. Разработена е, на пример, мала ракета која неофицијално се вика „Гвозд“ за борба против беспилотни летала. Се очекува, исто така, дека во најскора иднина „Панцирите“ ќе можат да пронаоѓаат цели на далечина до 75 км наместо сегашните 40, а радиусот на дејство од 20 км ќе биде проширен двојно.

Интересно е, продолжуваат аналитичарите, тоа што слични противвоздушни комплекси во американската армија едноставно нема. Тоа наводно се објаснува со тоа што Американците се надеваат на своите воздушни сили, иако одамна се немаат сретнато во воздух со сериозен противник. Буквално деновиве американските медиуми  признаа дека „Панцир-С1“ е речиси идеално оружје за јато офанзивни беспилотни летала.

Системите С-400, напротив, се првата линија на ПВО, затоа што пронаоѓаат цели на далечина до 600 км, а ги соборуваат на 400 км. И Министерството за одбрана на Русија веќе организира вежби на кои овие комплекси се користат во тандем, како неодамнешните маневри во Калининградската област. А заедно со средствата за противелектронска борба, С-400 и „Панцир“ можат да послужат не само за одбрана, туку и за ефикасен контранапад, велат експертите од The Jamestown Foundation.

Прочитајте повеќе: „Ракетен штит“: како се чува небото над Москва