„Во планот на Министерството за одбрана во рамките на тековната државна програма за вооружување (2018-2027) е предвиден проект за брз хеликоптер. Без сомнение, војската секогаш сака поголема брзина. Би ни одговарало доколку би постигнеле брзина од 350-400 километри на час. Конструкторите тврдат дека во моментов располагаат со технички решенија за реализација на оваа задача“, изјави Борисов за новинарите по советувањето во Арсеневската авиокомпанија „Прогрес” во Приморскиот крај.
Тој истакна дека авиоиндустријата е подготвена да го произведе овој хеликоптер за најмалку 5-7 година. Борисов претходно зборуваше за плановите брзиот хеликоптер да полета до 2025 година.
Во ноември 2017 година генералниот директор на „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински соопшти дека во 2018 година компанијата ќе му претстави на Министерството за одбрана два концепта на напреден брз хеликоптер.
„На овој проект работат две конструкторски бироа, а потоа нарачателот ќе го одбере поуспешното решение“, рече Богински.
Претходно беше објавено дека „Хеликоптери на Русија” со Министерството за одбрана на Русија потпишале договор за изработка на концепт на брз борбен хеликоптер.