АК-130
wikipedia.orgЧарли Гао, воен аналитичар на изданието „Национален Интерес“ укажува на брзината на стрелба на руското 130-милиметарско орудие: до 90 проектили во минута. Проектилот тежок околу 33 кг може да цел оддалечена до 23 км. Двоцевниот топ е поврзан со радарска станица која му помага да ја пронајде целта.
Рускиот топ е секогаш подготвен да истрела 180 проектили додека, да речеме, американскиот топ од 127мм МК-45 е наполнет со само 20 проектили. Таквите резултати се постигнуваат благодарени на значително поголемата маса на орудието. АК-130 е тежок повеќе од 100 тони и уште 40 тони тежи неговиот магацин за муниција, додека странските аналози се значително полесни.
Американскиот аналитичар смета дека рускиот топ е идеално оружје за уништување на јата офанзивни беспилотни летала, одличен е за огнена поддршка на копнените сили и претставува смртна опасност за кој било противнички брод.
Со овие топови се вооружени ракетните крстосувачи од Проектот 1164 „Атлант“, големите противбродски пловила од Проектот 1155, крстосувачот 1144 „Орлан“ и разурнувачот од Проектот 956 „Сарич“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче