Русија многу брзо може да поседува вакво артилериско оружје со оглед на тоа дека минатата година Министерството за одбрана на РФ одлучи да користи „стелт“ технологија не само за воената авијација.
Сепак, командата на Руската воена морнарица ќе мора да почека да завршат тестирањата на најновиот топ АК-176 МА. Дури потоа ќе биде донесена одлука дали топот ќе влезе во вооружувањето на корветата од следната генерација.
„Русија планира да ги гради сите свои нови бродови со користење 'стелт' технологија. Тоа значи дека вооружувањето ќе биде во самиот брод, а не на палубата, па така и бродовите ќе бидат невидливи за непријателите и за противбродските ракети“, вели за „Руска реч на македонски“ Вадим Козјулин, професор на Воената академија.
Како што објаснува тој, радарите ја распознаваат структурата на секој брод, па дури и неговиот артилериски систем. Но, не треба да се мисли дека воведувањето на „стелт“ технологијата во морнарицата е руски изум, додава професорот.
„Американската воена морнарица веќе има 'невидливи' разорувачи наменети пред сè за напади на копнените цели како 'Замволт'.
Новото руско невидливо артилериско оружје е наследник на советскиот АК-176. Покрај новиот оклоп кој е незабележлив за радарите, забрзано е и стрелањето, па е направена и специјална муниција за него.
„АК-176 МА е тежок околу 10 тони, може да исфрли 150 проектили со калибар од 76 милиметри за една минута. Погодува цели на вода и на копно со оддалеченост до 15 километри“, вели за „Руска реч на македонски“ Алексеј Рам, воен аналитичар на весникот „Известија“.
АК-176 МА исто така поседува дигитален систем кој му овозможува автоматски да пронаоѓа и да следи цели. „Но, одлуката за оган ја донесува само офицерот на бродот. Денес сè уште никој не е во состојба да ги предаде сите одлуки на електронскиот систем“, додава Рам.
Во тек е тестирањето на артилериското оружје АК-176 МА, а стручњаците веруваат дека до крајот на 2017 година тоа ќе биде завршено. Дури потоа Руската воена морнарица ќе одлучи дали ќе го прифати ова оружје или не.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче