Најиновативното достигнување на руската индустрија за лесно оружје последниве години - СВЛК-14С „Сумрак“, е првата снајперска пушка на светот која е во состојба да погоди цел на 4 километри. „Сумрак“ истрелува куршум .408 CheyTac (10.36x77mm), чија почетна брзина не е помала од 900 метри во секунда. Куршумот може да пробие шина дебела три сантиметри. А замислете што се случува кога ќе погоди непријател. Ниеден заштитен елек не помага. Погледнете во видеоснимката како ја тестиравме „Сумрак“.