Тактичкото одделение на длабоко модернизираниот ловец-пресретнувач МиГ-31БМ испорачано е на единиците на 14 воздухопловна армија на ВВС и ПВО на Централниот воен округ (ЦВО). Ова го соопшти информативната служба на Централниот воен округ, а пренесува новинската агенција ТАСС.
„Борбените апарати МиГ-31БМ ја минаа фазата на длабока модернизација во техничкиот воздухопловен центар кој се наоѓа во Тверската област. Овие авиони ќе ги зголеми оперативните способности на ловечкиот воздухопловен полк кој е стациониран во Краснојарската област. Благодарение на интеграцијата на современиот офанзивно-навигациски систем и вооружувањето од новата генерација ефикасноста на ловецот-пресретнувач МиГ-31БМ во однос на претходната верзија на овој авион е зголемена за речиси трипати“, се наведува во соопштението на информативната служба на Централниот воен округ.
Модернизираниот ловец-пресретнувал МиГ-31БМ (Foxhound според кодификацијата на НАТО) е наменет за пресретнување воздушни цели на големи дистанци кои според борбениот радиус се недостапни за класичните ловци. Борбените апарати од овој тип се способни да решаваат задачи во услови кои ги диктираат современите облици на управување со борбените дејствија, како што е мрежноцентричниот облик на комуникација со практично сите учесници во борбата.
МиГ-31БМ е опремен со радарска станица која има високочувствителна фазна антенска решетка (ФАР). „Заслон-М“ која може да дофрли на оддалеченост и до 320 километри. Тоа се речиси 120 километри повеќе во однос на основната верзија на овој радар. Исто така, овој радар сега може да открие цел со големина на ловец на оддалеченост од 150, 200 и повеќе километри. Новиот офанзивно-навигациски систем овозможува истовремено следење на 24 цели, од кои компјутерот или операторот ги избира најопасните и го насочува огнот кон нив. Еден МиГ-31БМ сега може наместо четири да гаѓа и до осум различни цели. За овој авион е развиена и ракетата со голем дострел Р-37 која има оперативен дострел од дури 300+ километри. Оваа ракета нема апсолутно никаква конкуренција во светот (американската ракета воздух-воздух со најголем дострел AIM-47 „Falcon“ има максимален дострел од 210 километри). Со вакво вооружување МиГ-31БМ може да пресретнува балистички и крстосувачки ракети, а исто така и да уништува непријателски сателити кои оперираат во блиската Земјина орбита (проект на противсателитска ракета со кинетичка боева глава 79М6 „Контакт“). Борбена патрола составена од четири авиони МиГ-31БМ може да покрие простор од околу 380 илјади метри квадратни (Република Македонија има површина од 25.713 километри). Покрај ракетата Р-37 тука се и нешто постарите ракети Р-33 со дострел од 160 километри на час, како и ракетите Р-73 со мал дострел кои се особено ефикасни во услови на догфајт.
Габаритите на овој авион се особено импресивни. Тој има должина од речиси 22 метри, а максималната полетна маса достигнува 46.2 тони. Подобрената погонска група која се состои од двопроточни турбомлазни мотори Д-30Ф6, овозможува авион со маса од речиси 46 тони да се доведе до границата на хиперсонична брзина (максималната брзина на МиГ-31 изнесува 3.000 километри на час). Плафонот на летот изнесува 20.600 метри. Оперативниот долет на леталото кое е вооружено со четири ракети Р-37 / Р-33 со два поткрилни резервоари со гориво изнесува 3.000 километри. Авионот има можност да дополнува гориво во воздух (авиоцистерна).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче