Зошто руската флота правела „тркалезни“ бродови на Крим

Пристигнување на поповка „Новгород“ во Севастопол, 1873 .

Пристигнување на поповка „Новгород“ во Севастопол, 1873 .

Н.П. Красовскиј
На крајот на 19 век во рускиот дел на Црното Море се појавуваат првите и последните во нашата историја „тркалезни“ бродови-оклопници или, како што ги нарекуваат едноставно „поповки“.

Според условите на Парискиот мировен договор од 1856 година, со кој завршува неуспешната за Русија Кримска војна, на Москва ѝ се забранува да располага со своја морнарица во Црното Море. Тоа воопшто не ѝ одговара на империјалната влада и кон 1871 година (во моментот на откажување на договорот и враќање на правата да има бродови во Црно Море) во земјата веќе е во полн замав програма за создавање на средства за крајбрежна стража на Крим, кои не се под дејството на пактот.

„Така е донесена одлуката да се градат бродови кои нема да бидат од дрво“. Газењето на таков пловен објект требаше да биде 3.3 метри, а калибарот на топовите од бродот - не помалку од 280 мм. Еден од најважните критериуми за такви „бродови“ бил браникот – „поголем отколку на странските бродови“, вели за „Руска реч на македонски“ поранешниот главен уредник на весникот „Военопромишлени курир“ Михаил Ходарјонок.

Единствените кои ги исполнуваат овие критериуми се кружните оклопници на проектот на адмирал Андреј Попов, поради кого тие добиваат името „поповки“.

Игор Зарембо / РИА Новости Igor Игор Зарембо / РИА Новости Igor

„Бидејќи Русија немала пари и меѓу другото ни беше забрането да имаме целосна флота на Црното Море, морало да се експериментира“, дополнува Ходарјонок.

Во овој период Русија тестирала различни типови оклопни бродови, кои се вооружени со прилично моќни за тие времиња топови - 152 мм и 203 мм. Така во земјата во текот на десет години се одвиваат тестирања за издржливоста на „кружните“ бродови.

„Новгород“ и „Вицеадмирал Попов“

Првиот брод наречен „Новгород“, е спуштен од стапела во присуство на императорот на 21 мај 1873 година. Вториот, кој го добил името според креаторот, е пуштен на вода на 25 септември 1875 година. Новата „поповка“, за разлика од „Новгород“"добива подебел двослоен оклоп, помоќен мотор и зголемена надградба на палубата.

Покрај сето тоа проектот е неуспешен.

„Излегло дека „поповките“ не можат да пловат на отворено море и се побавни од желки. Згора на тоа, повратниот удар на канонот го менувал правецот на курсот на бродот. Значајна улога тие можеле да одиграат само како единствено средства на крајбрежната стража, но сепак не во целосен обем“, вели во интервју за „Руска реч на македонски“ поранешниот командант на црноморскиот флота Игор Касатонов.

Поради оваа причина во текот на целата Руско-турска војна (1877-1878) „Вицеадмирал Попов“ заедно со „Новгород“ стојат во Одеса и прават само три похода без ниту еднаш да влезат во борба.

Сите обиди на Андреј Попов да ги изведе бродовите во морето наоѓаат на отпор кај адмиралството кое не гледа потенцијал во нив. Освен тоа, во реални услови се откриени и други проблеми на бродовите - како комплетен недостаток на автономија на пловидбата и лошите услови за живот на екипажот.

По завршувањето на војната започнува модернизацијата на „Вицеадмирал Попов“ при што му се става нов вентилациски систем, артилериски лансери, а освен тоа се менуваат и моторите. Како резултат на тоа постигнато е сериозно зголемување на отпорноста на брановите и се подобруваат неговите квалитети, но ниту тој, ниту „Новгород“ не успеваат да учествуваат во борбени дејствија.

Каква е понатамошната судбина на „поповките“?

Сепак идејата за кружни оклопници продолжува да живее. По губењето на царската јахта „Ливадија“ во 1878 година за нив пројавуваат интерес и во царскиот двор. Во новиот проект за „поповките“ се евидентирани недостатоците на претходните машини. Куќиштето станува сплеснато, а максималната брзина е зголемена до 15 јазли при газење од 1.8 метри. Освен тоа се донесува одлука бродот да се гради во Велика Британија, но по руски скици.

На 24 септември 1880 година „Ливадија“ ја напушта територијата на бродоградилиште. Таа е опремена со совршена за тоа време техника, вклучително и со „свеќите на Јаблочков“ (првата електрична виножитна светилка) и водовод. При тоа благодарение на новата конструкција таа има добри квалитети за пловење по море.

Со стапувањето на престолот на Александар III во 1881 година Попов запаѓа во немилост, а Руската империја, која ги зголемила бродоградните капацитети, пристапува кон создавање на комплетна флота во Црното Море. Токму поради оваа причина интересот за тешко маневрирање на тркалезни бродови целосно исчезнува.

Така „Ливадија“ е претворена во паробродот „Искуство“, кој долго време стои без работа во Санкт Петербург, а потоа е префрлен во Севастопољ и конечно е отпишан во 1926 година.

Слична судбина доживуваат и другите „поповки“. И „Новгород“, и „Вицеадмирал Попов“ дури до 1913 година стојат на пристаништето во Одеса, додека не се продадени на приватни лица.

„Овој проект не се развива повеќе и како целина искуството со поповките треба да се оцени како неуспешно. Со други зборови, проблеми имало, а некакви значајни заслуги - не. Самиот брод на изглед е доста оригинален, но има крајно ограничено борбено значење“, заклучува Михаил Ходарјонок.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња