Видео: Руски бомбардери 120 пати полнеа гориво во воздух

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Најбрзите воени летала на светот МиГ-31 и бомбардерите Су-34 четири дена увежбуваа полнење на гориво во воздух.

Полнењето на гориво во воздух е операција што бара најголема прецизност и голема летачка умешност. Борбениот авион на брзина од 500 км/ч внимателно му приоѓа на воздушниот танкер на 10-15 метри, го лови конусот на крајот на цревото и не се поместува додека не го наполни резервоарот.

Летечкиот танкер Ил-78 малку се разликува од попознатиот транспортен авион Ил-76. Малите авиони се полнат со брзина од 900 литри во минута, а поголемите со 2200.

Пилотите на воениот аеродром кај Воронеж вежбаа „на суво“. За четири дена 120 пати полнеа гориво. Авионите заземаа позиција зад танкерот, бараа дозвола, чекаа зелено светло и полека му приоѓаа на конусот, а потоа ослободуваа место за другите авиони.

Прес-службата на Западниот воен округ објави видеоснимка од овие вежби.

Погледнете уште едно видео со МиГ-31.