Видео: Сѐ за офанзивниот хеликоптер Ми-35М

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видеоснимка за сите тајни на рускиот транспортно-офанзивен хеликоптер Ми-35М.

Краткиот филм го објавија новинарите на рускиот ТВ-канал „Ѕвезда“. Модернизираната варијанта на хеликоптерот Ми-24 е наменета за уништување на оклопна техника на непријателот, за десант на единици на копнената војска, евакуација на ранети и превоз на товар. Хеликоптерот може да подигне 2400 кг (во кабината до 1500 кг).

Ми-35М е разработка на фабриката „Мил“ во Москва, а се произведува во „Росвертол“ во Ростов.

Поради својата универзалност неофицијално го нарекуваат „летечка  борбена машина на пешадијата“.

Ми-35М е вооружен со противтенковски ракети „Штурм-В“, ненаведувани проектили С-8 и С-24, има три автоматски топови со голем калибар, 30-мм фрлач на гранати и бомби со тежина од 50 до 500 кг. Машината исто така е во состојба да лета ноќе и препознава објекти на оддалеченост од 4 км и повеќе.

Ми-35М во моментов поседуваат војските на Русија, Венецуела, Бразил и Азербејџан. Пред година дена е потпишан договор за испорака на хеликоптерот на Министерството за одбрана на Казахстан.

Погледнете каде се произведуваат легендарните Ми-8 и Ми-17.