„Лимузината за Путин”: Почна тестирањето на руските возила „Кортеж”

Максим Колосков/autonews.ru
Стручњаците почнаа во специјална гаража да ги примаат новите возила од проектот „Кортеж“, изјави извор запознаен со организацијата на испораката на автомобилот.

Едно од возилата кои стигнаа во гаражата е лимузината во која, како што се очекува, ќе пристигне во Кремљ рускиот претседател по изборите во март 2018 година.

Според изворот, во тек е проверка на автомобилите заради обука на возачите и утврдување на можните грешки. „Тоа е сложен процес кој трае неколку месеци. Освен тоа, значително време одзема изработката на потребната документација“, изјави тој.

„Се очекува автомобилот да се појави на отворен пазар во мај, но во Федералната служба за обезбедување ќе стигне порано“, додаде изворот.

Проектот „Кортеж“ подразбира креирање на фамилија автомобили (лимузина, седан и минивен) за високи официјални лица.

Одговорен носител на проектот е Централниот научноистражувачки автомобилски и автомото институт „НАМИ”. Партнер во производството е компанијата „Солерс“ на Вадим Швецов. Државата вложи во проектот 12,4 милијарди рубли (околу 179 милиони евра).

Како што изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров, до крајот на февруари или почетокот на март Федералната служба за обезбедување ќе добие максимум 16 автомобили од проектот „Кортеж“. Возилата ќе се појават и во малопродажба. Според Мантуров, најниската цена на автомобилот ќе се движи од околу 6-7 милиони рубли (86-100 илјади евра).

Прочитајте и: Проектот „Кортеж” ќе добие и свечен кабриолет

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња