Министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров изјави дека првиот експериментален примерок ќе биде завршен во јануари, меѓутоа нема да биде презентиран јавно за да се задржи интригата.
„Првата предсериска партија треба да биде испорачана на Федералната служба за безбедност кон крајот на 2017 година, односно ќе ја видите на инаугурацијата“, изјави Мантуров.
За реализација на овој проект од буџетот идната година ќе бидат издвоени 3,7 милион рубли. Проектот „Кортеж“ ќе ја чини државата вкупно од 9 до 12 милијарди рубли.
Сериското производство на лимузини, седани, мини-автобуси и теренски возила за обезбедување ќе се врши во претпријатието „Солерс“ (Sollers), пренесува порталот Quto.ru.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче