Првпат објавен доверлив извештај за советската мисија на Месечината

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Речиси по половина век откако „Луна-21“ слета на Месечината, на интернет може да се види декласифициран извештај во кој се опишуваат проблемите кои ја попречија работата на лунарниот модул „Луноход-2“.

Вселенската станица „Луна-21“ слета на површината на Месечината на 15 јануари 1973 година – со себе го носеше лунарниот модул „Луноход-2“. Од 16 јануари до 10 мај модулот помина 42 км и испрати околу 86 панорамски слики и 80000 фотографии до Земјата пред да прегрее и да престане да работи откако некаква прашина му се залепи на телото.

Денес, по 45 години, компанијата „Руски космички системи“ објави декласифициран извештај за работата на станицата и модулот. Целиот текст на руски јазик е достапен преку линкот.

Во извештајот се содржат имињата на сите вработени и е опишана опремата, целите на мисијата, подготовката, истражувањето и испитувањето. Згора на тоа, овој уникатен документ ги прикажува сите аспекти на движењето на лунарниот модул, проблемите што ги искусил и нивното можно решение.

Исто така, од досието јасно се гледа дека преносот на информациите за мисијата бил преку оптичко-ласерски канал насочен кон Месечината и нивен пренос во обратен правец.

Прочитајте зошто СССР не испрати човек на Месечината?