„Во завршната фаза на операцијата руските специјални сили ја пронајдоа базата на диверзантите покрај западната граница на провинцијата Идлиб. Кога терористите стигнаа во објектот и се подготвуваа да се качат во минибус, целата група е ликвидирана со високопрецизен проектил „Краснопол“, се наведува во соопштението.
Во оваа операција учествуваше целата разгранета мрежа на руската разузнавачка служба во Сирија. Русите сили во провинцијата Идлиб го утврдија и местото каде терористите ги правеле и чувале ударните дронови. И тој склад е уништен со проектил „Краснопол“, велат од МО на РФ.
Во нападот на терористите врз руската авиобаза Хмејмим на 31 декември загинаа двајца руски војници.
Прочитајте зошто Русија војува во Сирија?