Не е тајна дека одделението на ВАЗ Lada Sport подготвува спортска верзија на „Веста“ која ќе има спуштен трап, оригинални спојлери и мотор од 150 коњски сили. Се работи за моторот на ВАЗ од 1800 кубни сантиметри со поинаква брегаста оска и унапреден издувен систем.
На тој начин „Веста“ ќе стане најмоќното цивилно возило од марката „Лада“. Во моментов тој статус го има Kalina NFR со 136 коњски сили. Меѓутоа, постои и информација дека моторот од 1600 кубици од „Калина“ ќе го добие и „помладата“ модификација на моделот Vesta Sport,пренесува „Авто.маил.ру“.
Се знае дека моделот ќе ја добие својата фабричка боја, но засега не е познато која ќе биде специјалната боја на спортската Веста. Според некои податоци, за седанот ќе биде избрана жолтата (тоа е бојата на компанијата „Роснефт” која е спонзор на натпреварувачката екипа на ВАЗ), а според други – тоа е црвената боја. Во секој случај, сите тајни ќе бидат откриени на Московскиот саем на автомобили.
Што се однесува до објавените снимки, добро се гледа дека задниот спојлер и бандажите на тркалата се со посебен дизајн. Засега го нема предниот спојлер, затоа што индустриските шпиони веројатно налетале на првиот пробен модел.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче