„АвтоВАЗ” го претстави новиот концепт „Лада Веста Крос” на московското „Оф-Роуд Шоу“. Новиот модел е развиен под раководство на директорот за дизајн Стив Матин, чија цел била да го покаже потенцијалот на семејството „Веста”, а сериското производство ќе почне есента 2015 година, го пренесува соопштението на компанијата весникот „Ведомости“.
Дизајнот на двата нови автомобили - седанот „Веста“ и високиот хечбек „Иксреј“ (Xray) на најголемиот производител на автомобили во Русија кои ќе се појават во блиска иднина е заснован на концептот „Иксреј”, претставен 2012 година на Московскиот меѓународен салон за автомобили.
Концептот „Веста Крос“ претставува инструмент за изучување на реакцијата на корисниците во текот на развојот на проектот. „Концептот ја покажува целосната интеграција на Лада во современите и идни трендови на корпоративниот стил на брендот“, рече претседателот на „АвтоВАЗ” Бо Андерсон.
Оваа компанија е задоволна од побарувањето за автомобилите од линијата „Крос“ која претходно беше дизајнирана врз база на моделот „Лада Ларгус“ и „Лада Калина“. Според зборовите на еден од дилерите на автомобили, цената на обичниот модел „Ларгус Крос“ изнесува 479500 рубли (околу 6 илјади евра). Претседателот на компанијата „АвтоВАЗ” соопшти дека при сегашниот курс на цените „Веста“ може да чини околу 475 и 500 илјади рубли (околу 6240 евра).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче