Со векови луѓето им се чудат на стабилноста и прецизноста на „камените структури“ во форма на сводови. Таквите форми на релјеф може да постојат и на Марс.
До неодамна, немаше убедливо објаснување за оваа појава. Сега истражувачите од Сколковскиот институт за наука и технологија („Сколтех“) одлучија да ја најдат причината со помош на математички алгоритами и компјутерска симулација.
Руските научници претпоставија дека ерозијата е процес на оптимизација на обликот и покажаа дека таа ја минимизира енергијата на еластичните деформации што постои во ѕидовите.
Настанокот на столбови, лакови и други егзотични форми е илустриран во компјутерска симулација со користење на математички алгоритами во софтверот што „Сколтех“ претходно го направи. Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Nature Scientific Reports Journal.
„Математичкиот критериум на минимизација на материјалот што се користи во проектирањето е речиси идентичен на процесот на ерозија“, вели научникот Игор Останин, водечки автор на истражувањето во „Сколтех“.
Штом се формира природна структура, темпото на ерозија нагло опаѓа бидејќи оваа структура повеќе не содржи вишок материјал. Поради ова на почеток ерозијата се случува со лесно воочлива брзина на почетокот, а кога по извесно време ќе заврши, настанатите форми можат да останат непроменети милиони години.
Погледнете дел од живописната и таинствена Русија.