
На овие снимки е овековечена страсната и разнобојна Русија во 2017 година.
ReutersНи останаа уште неколку дена во 2017 година. Тоа е можност да се потсетиме на најнезаборавните моменти на Русија од нејзиниот Далечен Исток до западните граници, од Арктикот до јужните мориња. Подалеку од нервозата и хаосот на современиот свет, оваа година ни донесе многу убавина, која благодарение на фотографите е зачувана на овие снимки.
Па каква беше за Русија оваа година? Како и обично, беше единствена, ништо помалку единствена од пурпурното езеро или од залезот на сонцето на Бајкал.

Човек се излежува на соленото Малиново езеро во Алтајскиот крај.
Александар Крјажев/Sputnik
Залез на сонцето над островот Ољхон во Бајкалското езеро.
Владимир Смирнов/Sputnik
Жена оди низ поле од лаванда во близина на село во Бахчисарајскиот реон на полуостровот Крим.
Сергеј Малгавко/Sputnik
„Тре Кронор“, шведски едреник на прославата на „Пурпурни едра“ во Санкт Петербург.
Алексеј Куденко/Sputnik
Преку Керченскиот теснец се гради Кримскиот мост кој ќе го поврзе полуостровот со остатокот од Русија.
Алексеј Куденко/Sputnik
Учесници во Фестивалот на екстремни спортови на вода „Flyboard Record” на Црното море недалеку од хотелот Sport Inn во Сочи.
Артур Лебедев/TASS
Свиларка зиме клука бобинки од планински пепел во Ивановската област.
Владимир Смирнов/TASS
Од отворањето на Првото светско првенство во практично стрелаштво во паркот Патриот, Московска област.
Комерсант
Учесници во реконструкција на борба на Викинзи во Алушта.
Комерсант
Огнометот над Москва ја обележа 72-годишнината од Победата.
Комерсант
Поглед од воздух на кружниот станбен блок во улицата „Довженко“ во Москва.
Дмитриј Серебрјаков/TASS
Учесници на фестивалот на народно творештво „Солстициј” (Солнцестояние) во Омската област.
Алексеј Малгавко/Sputnik
Процветани житни полиња во Краснодарската област.
Александар Крјажев/Sputnik
Сурфер на брегот во заливот Усури на Рускиот остров кај бреговите на Тихиот океан.
Јуриј Смитјук/TASS
Жетва во Новосибирската област.
Александар Крјажев/Sputnik
Коњи од локалната ергела пасат во полињата на Краснодарската област.
Виталиј Тимкив/Sputnik
Дива патка во лет во музејот Петерхоф. Во текот на изминатите години околу 6000 птици се навикнаа да ги минуваат зимите во Санкт Петербург и престанаа да одат на југ, со оглед на тоа што локалните жители добро ги хранат.
Александар Демјанчук/TASS
Руски хеликоптер за вонредни состојби носи вода низ облаци од чад додека пожарникарите се борат со пламенот во трговски центар во западното предградие на Москва.
Максим Григорјев/TASS
Пареа се издига од оџаците во близина на московскиот споменик на Јуриј Гагарин, првиот човек во вселената, на температура од околу -17 степени Целзиусови.
Reuters
Уметникот Герман Виноградов учествува во претстава посветена на Масленица, паганскиот празник со кој се одбележува крајот на зимата, во селото Никола-Ленивец во Калушката област.
Reuters
Колиба покрај езеро на планината Ај-Петри на Крим.
Владимир Астапкович/Sputnik
Учесничка на 19 светски фестивал на млади и студенти во зори стои на брегот на Црното море.
Григориј Сисоев/SputnikПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче