Дали е Русија подготвена да го прифати блокчеинот во 2018 година?

Наука и технологија
ВИКТОРИЈА ЗАВЈАЛОВА
Годината 2017 година забележа брз развој на блокчеин технологијата низ целиот свет. Во Русија, властите планираат да воведат КриптоРубља, а владата во Москва размислува да користи блокчеин за да обезбеди транспарентност во својот систем за гласање. Но, дали јавноста е подготвена да ја прифати промената?

Во декември, Рускиот економски универзитет „Плеханов (РЕУП)“, една од првите институции во земјата која воведе програми по криптовалути, спроведе анкета за да ја утврди подготвеноста на јавноста за усвојување на блокчеинот.

Студијата открија дека општото расположение спрема блокчеинот се менува: биткоинот и други криптовалути јавноста повеќе не ги смета за „инструмент за нелегални трансакции“.

Паметните договори - самоизвршни договори помеѓу купувачот и продавачот напишани во линии на код - одиграа значајна улога во оваа промена во перцепцијата на јавноста, смета Дијана Степанова, доцент на РЕУП.

Таа смета дека блокчеинот може да има корисно влијание врз широк спектар на индустрии, вклучувајќи го и здравството. Според Степанова, за неколку години блокчеин технологијата би можела да стане индустриски стандард.

Во 2017 година, РЕУП го воведе предметот „Трговија со криптовалути“, кој го предаваат коосновачите на Token Finance, инвестициски холдинг со седиште во Москва. Како дел од проектот, студентите се едуцираат за принципите на фундаментална и техничка анализа, методологија на трговијата и инвестициско портфолио.

Прочитајте како може да ве згрее биткоинот?