Како снаодливите Руси совладуваат непроодни терени

Наука и технологија
БОРИС ЕГОРОВ
Russia Beyond-Македонија ви претставува некои од највозбудливите уникатни возила дизајнирани, направени и репарирани од креативните Руси во нивните гаражи.

Ова баги не е направен само за жешките летни денови на плажа. „Вираж” (остро свртување) се движи како сон и по зимското студенило и снегот. Само не заборавајте да се облечете добро!

Ако сакате колата да ви оди по секаков терен, само тргнете ѝ ги тркалата и заменете ги со гасеници. Така сѐ станува можно!

Се разбира, воени возила можете да видите во руските градови само за време на парада. Меѓутоа, еден ентузијаст од уралскиот град Радужни репарираше повеќецевен ракетен фрлач „Катјуша“. Не грижете се, повеќе не е смртоносна!

Ова компактно теренско возило изгледа како да го дизајнирале руските стручњаци за астронаутика за возење по Месечината или Марс, но не е така. Направено е за задача која е само малку полесна од тоа: за совладување на руските мочуришта и густите, непроодни шуми.

Ова возило изгледа како да не знае каде оди. Заден дел од „Лада“ е поставен на гасеници и така стана преден дел од ова шумско превозно средство. Работата над овој уникатен проект сѐ уште трае.

Овој моќен и застрашувачки мотоцикл со погон на двете тркала не е оној што го возеше Бетмен во „Мрачниот витез”, но секако е негов руски роднина.

Оваа комбинација од мотоцикл и симболот на производителот на гуми „Мишлен“ е дизајнирана за совладување на длабоки мочуришта. Огромните тркала на овој теренец му овозможуваат да плута, токму она што дизајнерот и го сакаше.

Што ќе добиете ако вкрстите количка за бебе со електричен мотор и со трошка руска инвентивност? AlyMobile-1 е необична направа од домашна изработка тешка 30 килограми која може да достигне брзина од 7 километри на час. Ова е идеално лично превозно средство, затоа што без проблем совладува рабници и други пречки.

Зошто воопшто ви е потребен чамец, ако „водениот” мотоцикл може да ве префрли преку река, езеро, а можеби и преку море?

Ова издолжено картинг возило се вика „Генератор на адреналин”. Штом ќе го погледнете него и неговиот моќен мотор срцето побрзо почнува да ви бие.

А еден од таквите теренци за кој пишувавме претходно е и  „Шерп“.