На социјалната мрежа Вконтакте се појавија нови слики од автомобилот на фабриката ГАЗ кој, како што пишува, совршено би одговарал на современиот мегалополис. Во новата варијанта се задржани основните линии на автомобилот ГАЗ-24: продолжената хауба, хромираната решетка на браникот, бочните вдлабнатини.
Дизајнерот малку ја променил декорацијата на автомобилот, браниците, страничните ретровизори, задните светла и фаровите. Освен тоа, Сергеј ја претстави својата визија за седан, караван и караван-теренец. За последниот автомобил идејата најверојатно ја добил кога го видел новото возило Lada Vesta SW Cross.
Прочитајте какви планови има ГАЗ за новата „Волга“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче